ХХ -ти СЕМИНАР

 ЗА КВАЛИТЕТ, КОНТРОЛА, ИНФОРМАТИКА И ЗАШТИТА НА МЕДИЦИНСКО ЛАБОРАТОРИСКАТА ДИЈАГНОСТИКА

( СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО)

23 – 27 Јуни – Охрид

Со задоволство Ве покануваме да учествувате и ги презентирате вашите стручни трудови на следниве главни теми на овој јубилеен  семинар 20-ти по ред.

– нови современи лабораториски дијагностики

– вирусите со времен ризик

– стрес на работни места во здравството

– права и одговорности на пациентите и здравствените работници

– дезинфекција на здравствените организации, инструменти,лабораториски прибор и работни површини

– концепт на современи лаборатории-акредитација

– санитарна микробиологија и хемија

– стандарди за отпадни течности во дијагностички лаборатории

– контрола на испитување на храна и напитоци

– трансфузиологија, методи и искуства

– имунологија ,биотоксикологија,патологија, хистологија и фармакологија

– екологија- контрола и испитувања на животната и работната средина

– слободни теми

Известување за учесниците со стручни трудови

Извадокот-апстрактот да содржи вовед, методи,материјали,резултати и заклучок. Да не содржи повеќе од 150 зборови. Истиот да има наслов на стручниот труд, автори, работна организација, адреса, град, држава, контакт телефон и mail.

Потребно е да бидат читливо отпечатени и испратени преку mail.

Фонт за користење:Arial , големина 12 pt.

Да се нагласи дали излагањето на авторот ќе биде усмено или постер. Насловот на извадокот-апстракт да биде испратен најдоцна до 15 Јуни 2021 година на македонски или англиски.

 Известување за учесниците

Семинарот ќе се одржи од 23-27 Јуни 2021 година во Охрид- Хотел Пела, кој се наоѓа на 3 км од градот Охрид.

Цена за едно ноќевање со попн пансион изнесува 2.400,00 мкд за еднокреветна соба

Цената за едно ноќевање со попн пансион изнесува 1.800,00 мкд. за двокреветна соба.

Котизација за учество на семинарот изнесува 3.600,00 мкд.

За членовите на Македонското лабораториско здружение котизацијата изнесува 1.800,00 мкд.

За учесниците од странство котизацијата изнесува 50 евра. 

Колегите во пензија , невработени и студенти не плаќаат котизација. 

Во цената на котизацијата е вклучен коктел, свечена вечера без доплата(до колку користи пансион),сертификат,работен материјал и зборник на стручни трудиви.

Котизацијата треба да се уплати на жиро сметка на здружението или по пристигнување  во Хотел Пела.

Учесниците благовремено и најдоцна до 15 Јуни 2021 год да направат резервации за сместување кај организаторот.

За уплата во Македонија да се користи следнава жиро сметка:

Македонско лабораториско здружение  300000001227959

Даночен број: 4030999367411 АД Комерцијална банка- Скопје Р Македонија

Информации, резервации и пријава за учество:

Одговорен на организационен одбор Јовица Кметовски

Адреса: МЛЗ Драги Костовски ул: Владимир Каваев бр. 1-А, 1000 Скопје Р Македонија.

Контакт тел: 389 70639 816

Mail: mlzlaboratorija@yahoo.com

Ве очекуваме.

Pogledajte preporuke članaka

Popularni postovi